декември 26, 2024

Карим Бензема нема да биде дел од финалето на Светското првенство во Катар, макар и како гледач, без оглед што е дел од 26-члениот тим на „триколорите“, но ни последниот обид на претседателот Емануел Макрон да го убеди утре попладне да биде на „Лусаил“ не успеал.

Макрон лично му се јавил на Бензема за да го викне да дојде во Доха, но „златната топка“ категорично го одбила и му рекла „не“ на првиот човек на Франција, кој како и на полуфиналето со Мароко, така и утре ќе биде дел од завршниот спектакл на 22-то Светско првенство во Катар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK