септември 24, 2024

Тони Михајловски, македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер ексклузивен гостин во „Бомбакис поткаст“ на Кристијан Станковски. Водителот и „стенд ап“ комичарот за првпат во неговата кариера гостува во поткаст, во кој открива ексклузивни детали за создавањето на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

Михајловски тврди дека оваа манифестација е негова идеја, а Ранко Петровиќ го нарече „лопов“.

Јас ја смислив Златна Бубамара на популарноста. Мене ми се роди идеја, каде што ќе се сублимираат сите наградни манифестации на едно место, сето ова да биде од забавен карактер, а водителот да биде „стенд ап“ мајстор. Седевме дома кај Игор Џамбазов, бевме јас, тој, Искра и Ранко, за кој што имам снимено преку 400-500 реклами во тоа време и му ја раскажав идејата. И му се допадна. Одлична е идејата, рече Ранко, ќе ја крстиме Златна бубамара на популарноста. Ранко е лопов, 30 години се кити со туѓи перја. Ако сака нека ме тужи, а јас можам да го опонирам“, изјави Михајловски во вчерашното гостување во „Бомбакис поткаст“.

Михајловски во гостувањето во „Бомбакис поткаст“ открива дали некогаш би се вратил во политиката, а говори и за неговите планови и новитети кои ги започнал со маестро Игор Џамбазов.

The post Тони Михајловски: Ранко Бубамара е лопов, идејата за „Златната Бубамара“ е моја appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK