септември 24, 2024

Кинески здравствени научници застанаа во одбрана на своите истражувања за потеклото на коронавирусот и ја критикуваа Светската здравствена организација откако директорот Тедрос Адхан Гебрејесус рече дека Пекинг требало уште порано требало да ги сподели тие информации.

„Коментарите од СЗО беа навредувачки и без почит“, рече директорот од Кинескиот центар за контрола и превенција на болести Шен Хонгбинг.

Го обвини СЗО дека се обидува да ја оцрни Кина и ја повика организацијата да не им помага на оние кои ја политизираат пандемијата со коронавирусот.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус рече на 17 март дека новооткриените генетски материјали кои биле собрани од Вухан градот во централна Кина, каде беа забележани првите случаи со зараза на крајот на 2019 година, требало да бидат споделени уште пред три години.

„Како одговорна земја и како научници, секогаш активно ги споделуваме резултатите од истражувањата со научниците од целиот свет“, рече Шен на конференцијата за новинари.

Потеклото на вирусот и понатаму е во центарот на жестоки политички спорови. Многу научници веруваат дека вирусот преминал од животно на човек на пазарот во Вухан, но во тој град се наоѓа и современа лабораторија за вируси, што дополнително ги поттикна гласините дека вирусот протекол од таму.

 

The post Кинески здравствени научници застанаа во одбрана на своите истражувања за потеклото на коронавирусот, велат дека колегите од СЗО ги навредувале и сакале да ги оцрнат пред светот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK