мај 21, 2024

Кошаркарите на Далас маверикс лесно и убедливо, на домашен терен, го совладаа незгодниот сезонава Портланд трејлблејзерс (130-110), во меч во кој одново блескаше Лука Дончиќ, кој беше нејзаслужен за триумфот на неговиот тим.

Словенецот средбата ја заврши со 33 поени, шест скока и девет асистенции, додека огромна помош имаше од Крис Вуд, кој реализира еден поен помалку. „Телињата“ клучната предност ја обезбедија со фантастичната игра во вториот и во третиот период, кои ги добија со дури 79-53. Демиан Лилард со 24 поени беше најпрецизен кај „пионерите“ од Орегон. Ова беше втора победа во последните пет меча за Далас, а прв пораз по трите успеси во низа за Портланд.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK