септември 23, 2024

Македонскиот ракометен претставник Еурофарм Пелистер со нов убедлив триумф (26:36) над Татран Прешов обезбеди пласман на завршниот Ф4 турнир во регионалната СЕХА лига.

Словачкиот тим играше со комбиниран состав и на реваншот, а Еурофарм Пелистер покажа дека е многу поквалитетен тим.

Битолчани поведоа со 1:5 на стартот, а потоа имаа и двоцифрена предност (7:19). На полувреме заминаа со десет гола позитива (10:20).

Ненад Костески беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер со 11 постигнати гола, а Дарко Стевановиќ постигна седум погодоци.

The post Еурофарм Пелистер со нов триумф над Татран Прешов се пласира на Ф4 во СЕХА лигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK