декември 26, 2024

Популарно и лесно јадење кое брзо се подготвува и е идеално како за ручек, така и за вечера.
Кинеската кујна денес е распростанета во целиот свет и толку е популарна што во многу земји се отворени кинески ресторани.

Во кинеските јадења уживаат многу луѓе, а пооради својата едноставност често ги подготвуваат и дома. Нормално, зборуваме за луѓе кои не се Кинези. Воглавно во јадењата се користи зеленчук, разни сосови, нудли и морски плодови. Месото е исто така застапено, но во мали количини.

Наш денешен предлог за лесен ручек, или вечера, е свинско во слатко-кисел сос, кое можете да го послужите со додаток нудли или ориз.

Потребни состојки:
250 гр свинско
1 кромид
1 морков
1-2 пиперки
3 лажици соја сос
1 лажичка оризов оцет
1 чешне лук
мелена пипер
1 лажица кафеав шеќер
сол
бибер

Подготовка:
Измешајте малку сос, оризов оцет, мелен лук, мелена пипер и кафеав шеќер. Месото исечете го на ленти, па испржете го на малку масло. Кога ќе биде речиси готово, додадете кормид исечен на ленти, а кога ќе омекне додадете и рендан морков. По две минути додадете ја и пиперката исечена на ленти, па посолете и побиберете. По две минути сипете го сосот, па промешајте. Гответе додека зеленчукот целосно не омекне.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK