септември 23, 2024

Египет, кој важи за голем сојузник на САД, од кои прима воена и економска помош, се подготвувал тајно да ѝ испорача илјадници ракети на Русија за потребите на војната во Украина, стои во протечените американски разузнавачки документи, објави „Вашингтон пост“.

Документ од 7 февруари опишува разговор помеѓу египетскиот претседател Ел-Сиси и високи претставници на египетската војска за производство на 40.000 проектили за Русија, како и за обезбедување гранати и муниција. Ел-Сиси притоа ја нагласува важноста планот да остане таен „со цел да се избегнат проблеми со западот“.

Според египетските функционери, снабдувањето на Русија со оружје било „најмалку што Египет можел да направи за да ѝ врати за неодредена помош во минатото“, стои во документите.

Последното протекување на стотици доверливи документи на министерството за одбрана на САД, од кои доста се однесуваат на војната во Украина, претставува сериозен ризик за американската национална безбедност, објави Пентагон, кој и натаму се обидува да го утврди изворот на протекувањето. Документите исто така откриваат срамни докази дека САД шпионирале и свои блиски сојузници, како Украина, Јужна Кореја и Израел.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK