септември 23, 2024

Светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, на „Инстаграм“ објави фотографија со аплауз и го покажа своето воодушевување од лекарите од Ниш, кои работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции.

 

 

 

По речиси 100 дена и 12 последователни викенди, во кои персоналот на Клиниката за кардиохирургија во Ниш работел без паричен надомест, нивната цел е постигната – листите на чекање повеќе не постојат.

Директорот на клиниката, д-р Драган Милиќ, вели дека во оваа установа сега постојат само листи на закажување.

„Листата на чекање од денеска не постои на нашата клиника и ниту еден пациент, кој ќе ја помине анестезиолошката амбуланта, нема да чека за операција подолго од 5 до 15 дена. Од утре клиниката се враќа во редовниот режим на работа“, напиша директорот.

The post Новак Ѓоковиќ им се поклони на лекарите од Ниш кои работеа 12 неплатени викенди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK