септември 23, 2024

Банкар кој бил вработен во банка во Луисвил во Кентаки, застрелал пет од своите колеги кога дознал дека ќе биде отпуштен. Полицијата објави видео снимено од нивните камери, на кое се гледа како банкарот убил пет од колегите и уште двајца полицајци во моментите кога сакале да го уапсат.

Инцидентот се случил во понеделникот, а заменик шерифот на полицијата, Пол Хамфри, рече дека неговите колеги биле херои и дека интервенирале за да ги спасат животите на другите. Четири лица, меѓу кои и полицаецот кој е застрелал во глава, во моментов се во болница.

Полицијата рече дека 25 годишниот осомничен користел полуавтоматска пушка АР-15, за која немал дозвола. Полицијата стигнала три минути по првиот повик за итна помош. Полицаецот Кори Галовеј заедно со неговиот колега, кој бил почетник, Николас Вилт први тргнале кон зградата, откако напаѓачот почнал да пука во нивниот автомобил.

The post (Видео) Банкар застрелал пет колеги откако дознал дека ќе биде отпуштен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK