септември 23, 2024

Агнеса Органџиева која важи за една од нашите најпознати инфлуенсерки на Инстаграм, а воедно и правничка по професија и мајка на две прекрасни ќерки, неодамна го прослави својот роденден.

Таа прославата ја организираше во еден познат скопски локал, а главни гостинки на прославата беа нејзините две ќерки Вивиен и Тифани.
Шармантната русокоса е поприлично позната на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм каде редовни споделува свои фотографии. Покрај своите модни комбинации на кои секогаш изгледа беспрекорно, таа често објавува фотографии и од своите патувања, а не ретко и од нејзиниот дом.
Па така споделувајќи детали од нејзиниот живот, можеме да ѕирнеме како изгледа нејзиниот луксузен семеен дом.

Ѕирнете во каков луксуз живее Агнеса Органџиева со своите ќерки – РАСКОШЕН ДОМ како во најубавите холивудски филмови

Таа во една пригода се пофали со бајковити фотографии од кои можеме да видиме дека нејзиното семејно гнездо е раскошно опремено, и дека Органџиева внимавала на секој детаљ во својот дом.
Во елегантно наместениот простор доминираат белата и бојата на дрвото, а на ѕидовите има разно-разни украси.
Она што на сите им падна во очи е луксузот во кој Агнеса ужива со своите ќерки, што јасно се гледа од овие неколку фотографии.

Инаку, Агнеса за својот роденден беше облечена во црвено од глава до пети, во преубав фустан со впечатливи ракави и црвени екстравагантни високи потпетици.
Органџиева целото издание го зачини со својата препознатлива руса коса и црвен кармин, а своите бројни следбеници ги воодушеви и со кристалите со кои беше украсена раскошната црвена креација што ја носеше.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK