септември 23, 2024

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(66) од с.Колибари, кичевско, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.

КОЈ ГИ КОНТРОЛИРА НОТАРИТЕ??

Многу граѓани се жалат дека често од страна на нотарите се заверуваат секакви документи, како во случајот и фалсификати, со кои што потоа им се нанесува сериозна финансиска штета. Акти заверени од нотар потоа директно завршуваат на извршител. Потоа е вистинско чудо ако успеете да се снајдете во административните лавиринти

Нотар му заверил фалсификат сертификат за да се кандидира за директор во Скопје | ДОБИ КРИВИЧНА

Пријавениот, во текот на 2019 година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик со намера да се вработи како директор на државниот студентски дом „Томе Стефановски Сениќ”.

Сертификатот го заверил на нотар во Кичево, по што го приложил при аплицирање за вработување како директор во наведениот студентски дом.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK