септември 23, 2024

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ноќеска го прослави 66 роденден.
Мерко дуваше свеќи во бројот 66, на за оваа пригода спeцијално направена торта.

Градоначалник на општина Струга од номеври 2017 година

ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Роден на 12.04.1957 година во Струга.

ОБРАЗОВАНИЕ
-Од 1964-1976 г. ги завршува основното и средното образование

-Од 1976-1980 г. завршува високо образование – Универзитетски студии.

-Од 2008-2013 г. прво завршува последипломски студии, а потоа и докторски студии, со што се стекнува со титулата доктор на науки

Во неговат официјална биографија не се наведени школите ниту универзитетите каде што учел и студирал

КАРИЕРА
-Од 1980-1982 г. Раководител на производство во земјоделски комбинат (не е наведено кој)

-Од 1983-1999 г. Виш референт во Агенција за развој на земјоделство

-Од 1990 – 2003 г. Управител на приватен семеен бизнис, земјоделска аптека

-Од 2003-2005 г. Раководител на Подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Струга

– Од 2013-2014 г. е Универзитетски професор, Доцент на Меѓународниот Универзитет во Струга, а од 2017 е надворешен професор на истиот универзитет

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
-Од 2005-2013 г. е Градоначалник на Општина Струга, кандидиран од ДУИ

-Од 2014-2016 г. е пратеник во Собранието на РМ од ДУИ

-Министер без ресор во Владата на РМ, предводена од премиерот Зоран Заев е од 31.05.2017

-ДУИ го кандидира за градоначалник на Струга и тој победува со тесно прегласување во вториот круг каде што против кандидат му беше лидерот на Алјансата за Албанците и дотогашниот градоначалник Зијадин Села

Собрание на РМ – Предлог за состав на Влада на РМ

The post Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко го прослави својот 66 роденден. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK