септември 23, 2024

Актерот Арнолд Шварценегер ја презеде работата во свои раце откако му здодеа од неактивноста во неговото соседство и ја поправи дупката што му правеше проблеми нему и на неговите соседи.

Откако целото маало се вознемири поради оваа огромна дупка на патот што со недели уништува автомобили и велосипеди, денеска излегов со мојот тим и го поправив. Секогаш велам да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напиша 75-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер каде објави видео од него како поправа пат.

Луѓето го пофалија актерот и поранешен бодибилдер што ги засука ракавите и сам си ја заврши работата. „Обожавам да го гледам, екс-гувернер ги поправа дупките“, „Навистина ми се допаѓа ова! Ова е хит“, „Ми се допаѓа ова! Да преземам акција во вашата заедница!“, „Дојди со мене ако сакаш да асфалтираш“, беа само дел од коментарите на фановите на Шварценегер.

The post Арнолд Шварценегер сам ја поправи дупката бидејќи му здодеа да чека поправка appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK