септември 23, 2024

Јана Бурческа ја објави нејзината нова песна „Хоум алоун“ на англиски јазик, а за песната направи и спот. Ова е прва песна на Бурческа по пауза од шест години откако настапи на изборот за песна на Евровизија.

Песната Бурческа првпат ја промовирала во Шпанија, на евровизиската забава по изборот на шпанскиот евровизиски претставик.

Автори на музиката се самата Јана и Драги Иванов, додека звукот на „Хоум алоун“ е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз. Спорот е во режија на Ѓорги Вацев, додека за изгледот на Јана во спотот се погрижил модниот дизајнер Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски.

 

The post (Видео) Јана Бурческа по шест години пауза има нова песна на англиски јазик appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK