септември 23, 2024

Украински тајни служби кои соработувале со Навални убија руски блогер кој ја поддржувал руската инвазија. Ова го тврдат од Рускиот Национален антитерористички комитет, по експлозијата која се случи во кафе бар во Санкт Петерсбург, каде загина воениот известувач и блогер Владлен Татарски.

Екслозијата настанала откако девојката Дарија Трепова, на Татарски му дала статуетка наполнета со експлозив. Во несреќата повредени биле уште четириесет лица. Судот во Москва на 4 април и одреди притвор на Трепова до 2 јуни.

Според наводите на истрагата, таа на 2 април, по упатства добиени од луѓе од Укриана, му ја донела статуетката со експлозив на воениот репортер и познатиот блогер Максим Фомин кој е познат и под псевдонимот Владлен Татарски.

Адвокатскиот тим на Трепова поднесе жалба за нејзиното притворање, соопштија денес од судот во Москва.

„Судот ја прими жалбата на адвокатот на Трепова за одредениот притвор како превентивна мерка за осомничената“, рече портпаролката на судот, а пренесе „ТАСС“.

Рускиот Национален антитерористички комитет соопшти дека терористичкиот чин против Татарски го организирале украинските специјални служби, со помош на агент кој соработувал со фондацијата на познатиот руски опозиционер и голем критичар на Владимир Путин, Алексеј Навални.

Оваа организцаија Русија ја смета за екстремистичка и додадоа дека Трепова ја поддржувала.

 

The post Украински тајни служби кои соработувале со Навални убија руски блогер кој ја поддржувал руската инвазија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK