септември 23, 2024

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Охрид против Христијан Пендиков, во својство на Генерален секретар на неофашистичкото здружение „Цар Борис III”.

Пендиков, во интервју емитувано на 14 февруари 2023 година, на една од најгледаните телевизии во соседна странска држава, намерно дава лажни изјави и клевети кон македонскиот народ и Република Македонија. Имено, пријавениот во контроверзното интервју, ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека „Македонците и Бугарите се еден исти народ”.

Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност.
Пријавениот се терети дека извршил стек на кривични дела:

Повреда на угледот на Републиката – казниво по чл. 178 од КЗ;
Излагање на подбив на македонскиот народ – казниво по чл. 179 од КЗ;
Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа – казниво по член 319 став 1 од законот.

The post Кривична пријава против Христијан Пендиков – секретар на здружението „Цар Борис III“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK