септември 21, 2024

Фудбалската репрезентација на Англија повторно разочара со настапот на светските првенства, овојпат во Катар, каде што беше елиминирана во четврт-финалето.

Иако со децении најавуваат дека „трофејот се враќа дома“, сепак тоа не се случи, а Англиската фудбалска асоцијација (ФА) вообичаено по неуспехот ги исфрла селекторите.

Но, овој пат ја сменија стратегијата. По предвременото отпаѓање од Светското првенство во Катар, челниците на ФА го молеа Герет Саутгејт да остане селектор.

Според англиските медиуми, Саутгејт пред турнирот во Катар одлучил дека ќе се пензионира доколку не направи добар резултат иако има договор до крајот на ЕП 2024 година.

По излегувањето од четвртфиналето на Светското првенство во Франција, Саутгејт им рече на новинарите дека ќе размисли за отказ, но седум дена подоцна е поблиску до останување отколку да замине.

Во текот на изминатите седум дена, челниците на ФА го молеа да остане и се чини дека го убедија, пренесуваат англиските медиуми.

Официјално објавување на неговата конечна одлука се очекува во наредните денови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK