декември 26, 2024

Претседателите на Азербејџан и Романија и премиерите на Грузија и Унгарија во Букурешт го потпишаа Договорот за стратешко партнерство со кој треба да се овозможи увоз на струја од Азербејџан во земјите на ЕУ, пред се Унгарија и Романија.

На договорот, кој беше потпишан во претседателската палата Котрочени во Букурешт, присуствуваше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која изјави дека ова е голем ден за сите земји кои го потпишаа договорот.

„Двата брега на Црното Море никогаш не биле поблиску. Драго ми е што енергетскиот договор става толку силен акцент на обновливите извори на енергија. Сега градиме посилни енергетски интерконекции“, рече претседателот на Европската комисија.

The two shores of the Black Sea have never been closer.

I’m glad the energy agreement puts such a strong emphasis on renewables.

Now we build stronger electricity interconnections ↓ https://t.co/EjE9mt2hL5

— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) December 17, 2022

Инаку, договорот потпишан меѓу земјите опфаќа финансиска и техничка рамка за реализација на проектот подморски кабел за транспорт на електрична енергија од обновливи извори меѓу Романија и Азербејџан, преку Грузија и Црното Море, а потоа и транспорт на оваа енергија до Унгарија и остатокот од Европа.

„Ние во Унгарија сме горди што можеме да учествуваме во ваква уникатна и стратешка инвестиција. Да бев 30 години помлад, би рекол дека е вистинскиот рокенрол да се изгради таков кабел под морето“, изјави Орбан по потпишувањето на договорот.

По заострувањето на односите со Русија, геополитичката важност на Азербејџан и Грузија во однос на електричната енергија значително порасна.

Во последните неколку месеци интензивна се расправа за проектот преку кој би се извезувала струја од Азербејџан, преку Грузија во Романија и Унгарија како земји од ЕУ.

„Сакаме да создадеме нов голем систем за снабдување со електрична енергија. Суштината би била струјата од Азербејџан да стигне до Унгарија преку Грузија и Романија. Ова ќе ни овозможи да го замениме големото количество природен гас што го користиме денес за производство на електрична енергија во Унгарија. “, рече Орбан, во октомври.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK