септември 23, 2024

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на две девојчиња на возраст под 14 години, пред кои осомничениот преземал дејствија на полово задоволување на јавно место во повеќе наврати.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор на осомничениот.​​

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK