септември 23, 2024

Кампањата „Рамо до рамо“ која СДСМ ја промовираше изминатиот период предизвика голем број реакции во јавноста, а впечаток оставија посебно црвените елеци на владините функционери со кои се појавуваат на средби со граѓаните.

Таква средба синоќа во Кавадарци имаше и заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ. Но, за разлика од партиските другари, тој го немаше облечено црвениот елек. На прашањето на Репортер, зошто не го носи препознатливиот моден детаљ на кампањата вели:

„Само поради околностите кои се поврзани со работните обврски и динамичната агенда се случува да не носам црвен елек на теренските активности. Конкретно синоќа во Кавадарци поради работни обврски бев принуден од работен состанок да се придружам на партиските другари, на втората маалска средба. Тоа е причината зошто не бев во можност да носам црвен елек. Активно учествувам во интензивните теренски активности, рамо до рамо со народот и така ќе продолжам“, ни рече Маричиќ.

Го прашавме и каде и со кого ќе ги помине велигденските празници, на што ни одговори дека ќе празнува дома со семејството.

Љубиша Владимиров

The post Бојан Маричиќ не стигна да го облече црвениот елек: Од состанок директно отидов на маалска дружба appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK