септември 23, 2024

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали филмот „Предизвик“ во кој главната улога ја игра српскиот актер Милош Биковиќ.

Владимир Путин изјави дека креаторите на филмот создале вистинско ремек дело и дека овој прв филм снимен во вселената претставува чекор кон нови креативни, технолошки и научни откритија во целата вселенска индустрија.

Филмот „Предизвик“ во режија на Клим Шипенко е првиот филм во историјата на кинематографијата што е снимен во вселената.

Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи во Државната палата Кремљ пред премиерата на филмот на гала вечерата на Денот на космонаутиката. Тој, исто така, истакна дека вселенската индустрија самоуверено стои на нозе, и постави задачи за иднината – да ја зголеми констелацијата на руски сателити и да размислува за летови до други планети.

Српскиот актер Милош Биковиќ изјави дека рускиот филм „Предизвик“ кој во вселената го снимил режисерот Клим Шипенко е историски, голем подвиг и дека ги поместува границите.

Филмот имаше светската премиера во московското кино „Октобар“, и доби 15-минути аплауз и овации од публиката.

Биковиќ за Танјуг изјави дека филмот им се допаднал на луѓето и дека и самиот станал свесен дека „за прв пат во историјата сме сведоци на вакво нешто“.

Биковиќ оцени дека „Предизвик“, кој Шипенко го сними со главната актерка Јулија Перезилд на Меѓународната вселенска станица, со помош на неколку космонаути, „е филм кој се граничи со научна фантастика“.

„Начинот на кој беше снимен е уште пофантастичен од она што имавме можност да го видиме. Уште поневеројатно е, ги поместивме границите. До вчера можевме да кажеме дека тоа не е можно. Денеска ги поместивме границите“, рекол српскиот актер Биковиќ.

На прашањето што е следно по филмот во вселената, Биковиќ рекол дека се спомнувало за филм на Месечината или на отворен простор.

„Кога одите на некои височини, тогаш треба да одите во длабочините“, додал Биковиќ.

Руската драма за итна хируршка интервенција на астронаут на Меѓународната вселенска станица ќе ја има својата српска премиера на 19 април во белградската галерија Синеплекс. По белградската премиера, филмот „Предизвик“ од 20 април ќе биде во редовна кино дистрибуција низ Србија и регионот.

The post Путин го пофали филмот снимен во вселената со Милош Биковиќ: Вистинско ремек дело и прв чекор кон нови креативи и научни откритија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK