септември 23, 2024

Објавен е трејлерот за новиот филм на „Нетфликс“, The Mother („Мајка“), со Џенифер Лопез во главната улога. Во филмот таа глуми жена убиец, која излегува од засолниште за да ја заштити својата ќерка, која била принудена да ја остави зад себе поради опасната работа.

„Јас сум убиец. Но, јас сум и мајка. Ќе умрам штитејќи ја“, вели Лопез во трејлерот објавен на официјалниот канал на стримерот на „Јутјуб“.

Режисер на филмот е Ники Каро, која рече дека „Мајка“ е ретка комбинација на акција и искрени емоции. Таа потенцира дека уште од самиот почеток сакала Лопез да го глуми главниот лик.

„Единственото нешто што ме изненади е тоа што Џенифер не била акционен херој во текот на својата кариера. Џенифер ги носи својата легендарна вештина и прецизноста во акционите елементи, а исто така ги носи и силата на драмска актерка и искуството на мајка. Знаев дека таа е вистинскиот избор за улогата“, изјави режисерката за магазинот „Пипл“.

Заедно со Џеј Ло, актерската екипа ги вклучува Џозеф Фајнс, Луси Паез, Омари Хардвик, Пол Раси и Гаел Гарсија Бернал. Режисерката вели дека сакала да сними филм, кој во центарот на акциониот спектакл ќе ја стави фигурата на мајката, која е подготвена на сè за да го заштити своето дете. Филмот пристигнува на 12 мај.

The post (Видео) Џенифер Лопез никогаш не била акционен херој во кариерата: објавен трејлерот за новиот филм appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK