септември 23, 2024

Почитувани, 

Со своето неработење и неспособност градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го уназадија Град Скопје. 

Една и пол година во Градот и во општините под раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема реализација на ниту еден важен, капитален проект. 

Но затоа има задолжување на општините и трошење на стотици илјади евра годишно за вработување на партиски кадри низ општините и јавните претпријатија. 

Нема ништо од новите мега паркови, не се исчистија ниту постоечките диви депонии, но затоа нови диви депонии никнуваат во секоја скопска населба. 

И постоечкото зеленило е на удар на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ а последен пример за тоа е Деталниот урбанистички план на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски за населба Лисиче со кој треба да се градат десетина висококатници во оваа населба. 

Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје, Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на градот. 

Поради нејзината неспособност и поради кавгите за медот со ВМРО-ДПМНЕ Скопје денес нема функционален јавен превоз. 

Приватните превозници се уште не возат, нема набавка на нови автобуси, а Арсовска за една и пол година смени дури тројца директори на ЈСП Скопје. 

Намерно не се реализираат ниту бројни започнати проекти како реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на мостот на АСНОМ, улицата Есенинова….

Ете почитувани што значи кога ВМРО-ДПМНЕ добива шанса да ја предводи локалната и градската власт. 

Неработење, игнорирање на потребите на граѓаните и уназадување на општините, тоа е резимето од една и пол година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK