септември 23, 2024

Сопругата на кралот Чарлс, Камила, официјално ќе ја преземе титулата кралица на 6 мај, кога нејзиниот сопруг ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија.

Камила со години не е омилена личност во Велика Британија, бидејќи Чарлс е познато дека од почетокот на нивниот брак ја изневерувал покојната принцеза Дијана со неа, а оваа информација ги налутила Британците.

Откриено е дека за стајлингот на Камила ќе биде задолжен Брус Олдфилд. Сето тоа би било сосема во ред, доколку дизајнерот не бил најпознат по неговото пријателство со принцезата Дијана.

За познавачите ова не е големо изненадување бидејќи сегашната сопруга на Чарлс и Олдфилд соработуваат десет години и тој стои зад нејзините комбинации за најважните прилики.

Покрај тоа, тие изградија пријателски односи.

„Камила има многу блиско пријателство со Брус, кое трае многу години, така што ова е природен и очигледен избор. Камила му верува на Брус затоа што тој навистина се докажа кога станува збор за фустаните за настаните кои и се најважни “, изјавил извор близок до Бекингемската палата за „Сан“.

Брус Олдфилд ги дизајнираше некои од најпознатите фустани на принцезата Дијана кога се зближија во 1980-тите, па затоа не е изненадување што реакцијата на британските вести на оваа вест не е најдобра.

The post Омилениот моден дизајнер на принцезата Дајана, ќе ја облече Камила за денот на крунисувањето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK