септември 23, 2024

Велики Петок е денот на Христовите страданија, кои започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики Петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок.

Од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запаметена, го посочил примерот со лозата и лозовата прачка која дава плод.

Рекол: „Без мене не можете да направите ништо“, но ако мене ме гонеа, и вас ќе ве гонат, а утехата е во утешителот, кој што ќе ви го испратам јас од Отецот, Духот на вистината. Во светот ќе имате маки; само не се плашете, зашто јас го победив светот.“

По овие зборови, Христос завршил со поуката и ја започнал Молитвата во Гетсиманија. Страдањата од Велики Петок почнуваат во Гетсиманија.

The post Денеска е најтешкиот ден во годината – Велики петок appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK