септември 23, 2024

Денеска (14.04.2023) од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за против К.С.(32) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „насилство” и „напад на службено лице при вршење работа на безбедност”, казниви по чл. 386 и чл.383 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 13.04.2023 во 14.00 часот во авто сервис на подрачјето на Чаир во Скопје, се однесувал агресивно и со тврди предмети ги нападнал Д.З.(41) од Скопје и вработените З.А., Р.K., В.И.(42), како и Г.А.(42) од Скопје, вработен како обезбедување кој вршел службени дејствија.

Во координација со Јавен обвинител, полициски службеници веднаш го лишиле од слобода К.С., а во текот на денот со кривичната пријава ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.<

Од МВР информираат за уште еден инцидент.

-На 13.04.2023 околу 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел, поради претходни недоразбирања и расправии, В.Р.(21) од Скопје бил физички нападнат од О.Х. и Љ.Ј., при што О.Х. му нанел повреди со нож.На В.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември”. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, рекоа од полицијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK