септември 23, 2024

Револтирани граѓани испратија низа на фотографии до редакцијата на Инфомакс од сувенирницата во црквата во Калишта, Струга.

Имено како што се гледа на фотографиите цените на сувенирите, вината, маслата и останатите продукти кои се продаваат освен во денари и евра можат да се платат и во бугарски левови.

Граѓаните видно револтирани прашуваат во која држава се наоѓаме? Македонија или Бугарија имајќи во предвид дека единствено дозволено платежно средство на територија на Македонија е македонскиот денар.

Ваквиот развој на настаните доаѓа во време на затегнати односи помеѓу Македонија и Бугарија и обидите на бугарската држава за кражба на македонската историја и уништување на македонскиот идентитет како и негирање на македонскиот јазик.

Објаснувањето на тамоншните вработени за цените во бугарски левови е дека многумина од гостите и туристите кои доаѓаат во манастирскиот комплекс се токму од Бугарија. Сепак недопустливо е во една македонска православна црква да се продава било што во бугарски левови.

Недалеку од Струга, јужно од селото Калишта се наоѓа еден од најубавите манастирски комплекси во Македонија, Калишта – Пресвета Богородица.

Централно место во комплексот има малата пештерска црква. Изградена е некаде во 14 век и претставува основа на целиот манастирски комплекс.

Оваа мала црквичка направена во карпа се состои од три монашки ќелии, две на долниот и една на горниот кат. Во секоја од ќелиите се влегува низ сосема мала и тесна врата, а и самите ќелии се мали простории полни со историја и духовност.

The post Во сувенирницата во црквата во Калишта се плаќа во бугарски левови appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK