септември 23, 2024

Игор Пехчевски кој е сместен на Универзитетската клиника за детски болести каде прима терапија за цистична фиброза, ја обвини Д-р Стојка Нацева Фуштиќ, која е в.д. медицински директор на детската клиника дека му се заканила oти ако дава изјави за лекот „трикафта“, за него нема да има место во болницата за лекување.

„Д-р Стојка Фуштиќ со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување. Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г. А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год. Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност“, пишува Пехчевски на социјалните мрежи.

The post Игор Пехчевски: Докторката ми кажа дека ако продолжам да давам изјави, за мене нема да има место во болницата appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK