септември 23, 2024

Неодамна бремена го искачи врвот Бајрк, а сега за Велигден во план и е да се искачи и на Медеица. Во разговорот ни откри дека внимава додека се качува по планините, но дека не може да се замисли да не се занимава со спортот за кој уште од дете станала свесна дека и е најголем предизвик.

Пред неколку месеци, Ирина се омажи со музичарот Павле Камилосвки. Голема свадба со македонски обичаи и љубовна прказна за која ретко кој зане дека почнала во едно заедничко гостување во тв емисија. Со Ирина зборуваме за бракот и за бременоста, за спортот, љубовта кон планините …

Неодамна правевте свадба, се навикнуваш ли на брачниот живот?

Брачниот живот во заедница е најубавото нешто што може да го направат двајца млади, доколку постои љубов, почит и разбирање. Овие три елементи се неопходни во брак, и тогаш нема „навикнување“ на брачен живот, туку уживање во благодатите што ги носи заедничкиот живот.

Како почна љубовта со Павле?

Се запознавме во емисијата „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков, и од тој ден сме неразделни. Претходно навистина немавме слушнато еден за друг. Можеби сум слушнала за некој негов концерт, но не сум придавала важност бидејќи не сум го препознавала неговото име и презиме. Исто и тој не ме познавал од претходно како планинарката Ирина.

Беше ли тоа љубов на прва или не?

Дефинитивно беше љубов на прв поглед! И тоа обострано. Првиот поглед што се случи пред да започне емисијата од Снеже, едноставно слушнав во мене глас како ми кажува дека тоа е тој. Истото го помислил и Павле за мене. И без да ми кажеше, во воздухот се почувствува огромна енергија кога прв пат се видовме.

По што најмногу ќе ја паметиш свадбата?

По тоа дека не застанав со играње, а јас искрено и не сум личност која сака премногу да игра. Се изненадив од самата себе.

Во кој месец од бременоста и имаш ли проблеми со килограмите?

Веќе влегувам во осмиот месец од бременоста, до сега се чувствувам одлично се надевам така и да остане. Искрено, првите неколку месеци мислев дека сум преголема. Но сега кога се гледам, ниту имам проблем со килограмите, ниту изгледам лошо. Имам само стомак и нормална килажа со 10 килограми повеќе во овие 8 месеци. Вежбам три пати неделно во сала кај Јасна, топла препорака за бремени. И два пати неделно сум на Водно.

Објави фотки и видеа од планинскиот врв Бајрак на Караџица. Бремена планинариш? Тешко ли е? Што ти велат лекарите?

Планинарам точно. Освен Бајрак, редовно одам на Водно. Воопшто не е тешко, телото си го познавам најдобро. Точно знам кога можам и колку можам да качувам. Докторот ми вели дека дури и да ми забрани знае дека пак ќе качувам … и дека не треба да прекинам со нешто што го практикувам скоро целиот мој живот. Се разбира тоа го правам со правилно дишење, одржување на темпо и низок пулс, и правилна исхрана!

Колку адреналинот не те остава на мир па и бремена одиш по планини?

Не се работи тука за адреналин. Планините за мене не се предизвик, туку ги чувствувам како свој дом. Таму горе јас сум вистинска, без шминки, штикли, без исчешлана коса и лажни насмевки.

Освен Бајрак има ли уште некој врв?

Сега освен Бајрак и Водно, во план ми е Меденица на Галичник да си ја искачам за Велигденскиот викенд. Лесни патеки се овие, навистина и почетници може да ги качуваат.

Кога го засака планинарењето и зошто?

Не паметам како се случило да го засакам. Од малечка качувам, од основно школо. Сигурно чувството на планина ми останало врежано како убав спомен, затоа и сум го повторувала, до момент кога самостојно можев да почнам да си качувам.

Го искачи врвот Ама Даблам на Хималаите, висок 6812 метри, и со тоа стана втора Македонка, по Илина Арсова. Зошто тој врв?

Врвот го предложи Лазе (мојот партнер во качувањето) и не размислував многу, веднаш прифатив. Ама Даблам е предизвик на Хималаите, не е врв на којшто би се упатил секој еден планинар. Бара посебни подготовки и алпинистички вештини за искачување на врвот

На што мислеше додека се искачуваше, особено кога ти беше најтешко?

На тоа колку е ладно. Хахаха. Качувањето беше навистина тешко, меѓутоа студот не можев да го споредам со ниту еден студ што сум го почувствувала претходно.

 

Те фаќаше ли страв? Дали си имала прилика да се соочиш со планинари кои починале или смрзанле на планина. Какво е чувството кога го гледаш тоа?

Страв во искачувањето немам скоро никогаш. Кај мене владее страхопочит кон секој врв и тоа од моментот на симнување. Свесна дека секогаш грешки се прават при симнување, тој страв ете така ме држи додека не се симнам на безбедно.

Би го земала ли Павле со себе на планинарење?

Павле ми е огромна поддршка. И тој знае да дојде со мене на некое качување до Водно, меѓутоа мислам дека нема афинитети да се измачува качувајќи нешто повисоко со мене. Павле е уметник, артист. Си го има најдено своето место во животот.

Сметаш ли дека мајчинството ќе те промени во однос на адреналинот?

Знам дека ќе ме промени! Верувам дека адреналинот нема да го поистоветувам со предизвици кои ќе бидат

Александра Георгиев 

The post За Велигден ќе ја искачам Меденица на Галичник: Ирина Дишовска планинари во осмиот месец од бременоста appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK