септември 23, 2024

Хиба на суд побарала крај на бракот и половина од стектаниот имот за време на бракот со Хакими во спогодбата за развод, но судот открил дека фудбалерот нема имот на свое име.

Хакими сиот имот го запишал на име на мајка си Сејди Мут, па на хартијата нема ни „ништо“.

Кога 36 годишната Абук го изведе својот 24-годишен сопруг на суд, таа очекувала да добие еднаков дел од неговите 70 милиони евра по разделбата, но била информирана дека документите покажуваат дека целиот имот и припаѓа на неговата мајка.

Хакими, кој добива плата од ПСЖ од фантастични еден милион евра, почнал да се забавува со својата сопруга во 2018 година, кога тој имал само 19 години, а таа 31.

Сега дефанизивецот од Мароко е обвинет дека силувал жена што ја поканил во својот брачен дом кога неговата сопруга и семејството биле во Дубаи. Минатиот месец против мароканскиот ас беше покрената истрага поради споменатите тврдења.

The post Сопругата на фудбалерот Хакими по разводот нема да добие ништо, парите и имотот ги ставил на име на мајка му appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK