септември 21, 2024

Герет Саутгејт ќе остане англиски селектор и за Европското првенство 2024, објави денеска Фудбалската федерација на Англија (ФА).

„Со задоволство можеме да потврдиме дека Герет Саутгејт останува селектор на Англија и ќе ја води нашата кампања за ЕУРО2024. Герет и помошникот тренер Стив Холанд отсекогаш ја имале нашата поддршка, а нашите подготовки за ЕУРО почнуваат веднаш“, изјави извршниот директор на ФА, Марк Булингам.

Англија во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, кои стартуваат во март е во група со Македонија, Италија, Украина и Малта.

Англија под водство на Саутгејт беше елиминирана на Мундијалот во Катар во четвртфиналето од Франција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK