Според зборовите на очевидците, израелските војници спровеле рација во бегалскиот камп Аскар во Наблус за да приведат татко и син Палестинци
Двајца Палестинци се ранети од истрели на израелските сили, кои спровеле рација во Наблус во окупираниот Западен Брег.
Според зборовите на очевидците, израелските војници спровеле рација во бегалскиот камп Аскар во Наблус за да приведат татко и син Палестинци.
Притоа настанал судир меѓу израелските сили, кои ја опколиле куќата и младината во кампот.
Палестинската Црвена полумесечина информираше дека израелските војници со боева муниција раниле еден Палестинец, а друг бил ранет со гумени куршуми.
Двајцата Палестинци се префрлени во болница.
Израелските сили, кои често вршат рации во куќите на Палестинците во окупираниот Западен Брег и источен Кудс (источен Ерусалим), приведуваат Палестинци врз основа на најразлични обвинувања.
AA
Следете не, не има насекаде