мај 18, 2024

Лионел Меси е еден од најплатените играчи во светот, а за разлика од другите фудбалери, тој не го расфрла своето богатство.

Во првото полувреме од финалниот натпревар на Светското првенство, Лионел Меси уште еднаш докажа дека е апсолутна ѕвезда на Мундијалот. Тој го постигна првиот гол за аргентинската репрезентација и го крена на нозе целиот стадион.

Меси е еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов, а со големиот успех дефинитивно доаѓаат и големи пари. Покрај сето тоа, може да се каже дека Меси остана прилично штедлив и јавно не го расфрла богатството кое го поседува, за разлика од некои негови колеги.

Фудбалерот на Барселона заработува 7 милиони евра месечно, но кога ќе влезете во неговиот Инстаграм профил, нема да видите луксуз и раскош.

Иако медиумите пишуваат дека фудбалерот вози автомобил од 240.000 долари, на социјалните мрежи не можете да видите дека Меси е вториот најплатен фудбалер во светот.

За разлика од неговиот ривал, Кристијано Роналдо, кој сака да се слика покрај луксузни автомобили и да го покажува својот луксуз на Инстаграм, Меси често објавува фотографии со семејството.

Тој живее во вила лоцирана во Кастељдефелс, во ридовите над шпанскиот град Барселона, со сопругата Антонела и нивните три деца.

Судејќи по фотографиите и видеата од Инстаграм, во куќата на фудбалерот се е посветено на децата и играта.

Можеби Меси вешто крие луксуз во својот дом, но на Инстаграм живее како просечен човек кој ужива во топлината на семејниот дом.

Тој се уште ја поседува куќата во Аргентина во која е роден и израснат, а иако веќе никој не живее таму, Меси плаќа за нејзиното одржување.

Меси во просек заработува 111 милиони долари годишно. Дополнителни 27 милиони долари се заработуваат преку спонзорства. Тој потпиша доживотен договор со Адидас. Исто така, има договори со Gatorade, Mastercard и Pepsi, меѓу другите.

Меси е толку вреден за клубот за кој игра, Барселона, што секој друг клуб што го сака во своите редови ќе мора да плати 835 милиони долари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK