ноември 21, 2024

Комитетот на американскиот Конгрес кој се занимава со нападот на парламентот на 6 јануари 2021 година, се подготвува да гласа за барањето до Министерството за правда да поднесе најмалку три кривични пријави против поранешниот претседател Доналд Трамп, вклучително и обвиненијата за бунт.

Членовите на Комитетот ќе го разгледаат на седницата в понеделник, а покрај кривичната пријава за бунт, се товарат и кривичните дела попречување на службена постапка и здружување за измама на Владата на САД. Нејасно е дали конечниот извештај на Комитетот ќе препорача дополнителни обвиненија против Трамп покрај овие три или дали ќе се бараат кривични пријави против други лица кои му помогнале на Трамп да се обиде да спречи изборен пораз.

Документот што ќе го разгледува Комисијата содржи опширно образложение за сите препорачани кривични пријави.

Овие информации ги објави весникот Политико.

Портпаролот на конгресната комисија одби да ги коментира наодите на Политико, додека портпаролот на Трамп ги осуди плановите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK