ноември 22, 2024

 Иран се заканува дека трајно ќе ги блокира комуникациската платформа Вотсап (WhatsApp) и социјалната мрежа Инстаграм, кои се многу популарни во земјата, пишува германската агенција ДПА.

Американската интернет компанија Мета, сопственик на Фејсбук, Вотсап и Инстаграм, сè уште не одговорила на писмото што иранските власти и го испратиле на почетокот на декември, во кое бараат да отвори претставништво во земјата и да ги прилагоди своите насоки на прописите на Исламската Република.

– Ако Мета не одговори на нашето писмо, тоа би можело да биде увертира за трајна блокада, рече шефот на иранскиот национален са јбер центар, Аболхасан Фирузабади, пренесе ДПА.

Иранските безбедносни сили веќе ги блокираа Инстаграм и Вотсап како дел од протестите, кои сега траат веќе три месеци. Според Техеран, овие апликации се вклучени во „заговор против Иран, предводен од странски непријатели“.

Вака иранското раководство ги опишува повеќемесечните антивладини протести ширум земјата, во кои загинаа неколку стотици луѓе.

Иран има намера да преземе правни чекори против Мета.

Критичарите на иранскиот систем, масовните ограничувања на пристапот до интернет и блокирањето на апликациите ги сметаат за обиди да се спречи ширење на информации, фотографии и видеа за протестите.

На новинарите не им е дозволено независно да известуваат за протестите. Новинарите кои ја игнорираа цензурата беа уапсени, а десетици се уште се во затвор. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK