ноември 22, 2024

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за ,,Zidojče Cajtung” изјави дека Берлин не планира да испраќа тенкови во Украина за да избегне ескалација со Русија.

Според шефот на германската влада, Берлин го поддржува Киев и затоа испорачува модерно оружје како што се системите за противвоздушна одбрана IRIS-T и хаубици, но во исто време се придржува до три принципи во ова прашање.

– Прво, ја поддржуваме Украина колку што е можно повеќе. Второ, спречуваме директна конфронтација меѓу НАТО и Русија. И трето, Германија нема да дејствува сама – рече Шолц.

Тој го опиша својот став како цврст, но избалансиран, и посочи дека Германците се задоволни со тоа.

Истовремено, канцеларот Олаф Шолц изјави дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина, но нема да презема никакви чекори без согласност на сојузниците на НАТО, како што е самоиницијативно испраќање тенкови Леопард во Украина.

Како што напиша Блумберг, западните земји постигнале неформален договор да не испорачуваат тенкови во Киев, па Германија не сака да биде прва и да дава повод за обвинувања.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK