ноември 21, 2024
Поранешниот австралиски вицепремиер Мајкл Мекормак бил отруен за време на дипломатска посета на Микронезија. Тој го испил целиот традиционален пијалок сакау, кој локалното население го пие во мали количини поради неговото седативно дејство. Поради тоа бил итно пренесен во болница поради дехидрација.

„Домаќините правеа пијачки пред нас. Го исцедија сокот од коренот кој имаше вкус на пиперка. Бев добро во првите 10-15 минути, но потоа сфатив дека нешто не е во ред. Потоа ја погледнав мојата колешка, министерката за надворешни работи Пени Вонг и гласно викнав дека не ми е добро. Очите ми се заматија“, го опиша инцидентот поранешниот австралиски вицепремиер Мајкл Мекормак.

Тој објаснил дека од напивката се напил само за да им искаже почит на Микронезијците. Но, тој не знаел дека поради исклучително силно седативно и смирувачко дејство, треба постепено да ја пие. Исто така, Мекормак испил повеќе отколку што требало.

Микронезијците имаат навика да даваат лушпа од кокос со пијалок на сите учесници на состанокот. Така, пијалокот е наменет за неколку присутни, а не само за едно лице.

Former deputy prime minister @M_McCormackMP has suddenly fallen ill during a diplomatic tour of Micronesia. The Nationals MP was offered a bowl of Kava, but couldn’t stomach the traditional drink. He was helped to his car and taken to hospital for medical treatment. #7NEWS pic.twitter.com/lhCeqYoSoR

— 7NEWS Canberra (@7NewsCanberra) December 15, 2022

Бидејќи на Мекормак не му било добро, присутните му донеле вода и се обиделе да го освежат, но бидејќи на австралискиот политичар не му се подобрувала состојбата, тој бил однесен во болница. Таму бил лекуван од дехидрација и бил под опсервација додека не се смират симптомите на гадење.

Меккормак е добро сега.

Тој изјавил дека откако излегол од болница спиел 14 часа.

-,,Олку немам спиено уште кога бев тинејџер“, изјави австралискиот политичар.

ШТО Е САКАУ?

Во микронезиската митологија, пијалокот Сакау се сметал за подарок од боговите, но денес се смета за традиционален и церемонијален пијалок. Се подготвува од корените на растението кафе. Сокот добиен од коренот потоа се филтрира низ кората на морскиот хибискус. Поради неговото седативно и смирувачко дејство, мештаните го користат и за ритуални и за медицински цели. Пијалокот обично се служи во лушпа од кокос.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK