ноември 23, 2024

Жена била снимена на безбедносните камери во болница како го искрши роботот со голема палка затоа што го ставиле да го замени рецепционерот. Роботите денови сè  повеќе ги заменуваат луѓето. Во Кина, на пример, некои болници ги заменија традиционалните човечки рецепционери со роботи.

Иако си има свои предности, може да слободно да се рече дека си има и свои проблеми како што беше случајот со неодамнешниот инцидент во кој жената, навидум била фрустрирана од машината, па го скршла со голема дрвена палка пред сите други во фоајето.

Инцидентот се случи во Болницата на Медицинскиот универзитет Ксужо во истоимениот град на 23 април, а видеото за брзо почна да се шири по социјалните мрежи.

Според локалните извештаи, жената боледувала од некаква ментална болест, па безбедносниот оддел на болницата бил принуден да повика полиција. Останува нејасно што точно се случило потоа. На видеото имаше многу коментари од типот „Еве ти, Терминатор. Сара Конор се врати од мртвите“.

The post Жена искрши робот во Кина кој персоналот го ставил да го замени рецепционерот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK