мај 16, 2026

Познатата холивудска актерка Мишел Фајфер денеска го слави својот 65. роденден. Актерката објави фотографија на Инстаграм со торта и напиша: „На здравје, уште еден прекрасен круг околу сонцето. Ви благодариме на сите за слатките роденденски пораки“.

Актерката има снимено над сто филмови, глумеше во многу познати филмови како „Вештерки од Иствик“, „Бетмен се враќа“, „Лак за коса“, „Лице со лузни“, „Темни сенки“, „Опасни умови“, „Текила изгрејсонце“.

Родена е како четврто дете во семејство на трговец и домаќинка. Кариерата ја започнала во осумдесеттите години на минатиот век. Таа е во брак со продуцентот Дејвид Кели, а на почетокот на 2000-тите се повлече од светот на филмот за да се посвети на семејството.

Во последниве години, таа се врати на големото платно и имаше забележителна улога во серијата на Марвел, Antman.

Често вели дека е вљубена во својот сопруг како на почетокот на врската.

„Мојот сопруг е интелигентен со добра смисла за хумор. Тој има големо срце, тој е одличен татко и сопруг“, изјавила актерката во едно од нејзините интервјуа.

The post Холивудската дива Мишел Фајфер прослави 65. роденден: на здравје, уште еден прекрасен круг околу сонцето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK