ноември 22, 2024

 Руските трупи што во октомври беа прераспоредени во Белорусија, со цел да станат дел од регионална формација, денеска изведуваат баталјонски тактички вежби, соопшти руското Министерство за одбрана.

Но, во соопштението не е наведено каде ќе се одржи воената вежба.

Белоруското Министерство за одбрана во октомври објави дека 9.000 руски војници се распоредени во земјата како дел од „регионалната група“ сили за заштита на нејзините граници.

За денеска е  предвидено и претседателот на Русија, Владимир Путин да се сретне со белорускиот колега Александар Лукашенко во Минск. Тоа е прва посета на Путин на Белорусија од 2019 година. Тема на разговор ќе биде за стратешкото партнерство на двете држави, како и регионалните и меѓународните прашања

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK