Лионел Меси го крена највредниот пехар во својата раскошна кариера во необична наметка на себе.
Пред капитенот на „гаучосите“ да го добие пехарот, емирот на Катар, Тамим ибн Хамад Ал Тани му положи една црна наметка на раменици.
Лео отпрвин не сфатил како се носи, му покажале, па отиде да го крене највредниот трофеј во кариерата. Оваа наметка се вика бишт. Се носи преку таканаречената гандура, традиционалната облека за на зима во Катар. Изгледа како мантија и се користи како јакна, капут или наметка.
Бишт може да биде црн или кафен. Понекогаш е извезен и со златна боја што означува дека лицето кое го носи е од благородничко семејство.
Бишт обично се прави од влакна од камила. Обично мажите го носат во посебни прилики: за време на приеми, прослави или на свадбени церемонии. Лео имаше посебен ден и тоа едноставно се вклопило во прославата.
Мажите во Катар носат бела боја. Според распространетата верзија, белата боја им била доделена на мажите бидејќи тие поминувале многу време надвор од дома, во пустина под жешкото сонце.
Жените, од друга страна, останувале во пустинските шатори и чистеле во време на недостиг на вода, па со цел помалку да ја извалкаат облеката, носеле црна боја наметки.
Меси носеше речиси ист бишт со емирот на Катар. Оваа нативна реклама на своите традиции приредува речиси секој домаќин на Светско првентство кога се доделува пехарот за шампионот. Сега на сите фотографии во вечноста, на најголемиот момент од кариерата, Меси ќе биде облечен во бишт што ќе асоцира на Мундијалот во Катар.
Следете не, не има насекаде