Договорот за ограничување на цената на гасот во Европската унија е на дофат, изјави денеска комесарката за енергетска политика на Унијата Кадри Симсон.
– Цврсто верувам дека договорот е на дофат. Се разбира, тоа бара многу силен дух на компромис од сите, рече Симсон по пристигнувањето во Брисел на состанокот на министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ, кои треба да се договорат за ограничување на цената на гасот.
Грчкиот министер за енергетика Костас Скрекас оцени дека последниот нацрт на предлогот за ограничување на цената на гасот, според кој ќе се активира лимитот доколку пазарните цени надминат 188 евра за мегават-час три дена по ред, ќе биде добар компромис.
– Секоја стапка помеѓу 150 и 190/200 евра би функционирала. Мислам дека нивото од 188 (евра) ќе го даде вистинскиот сигнал на пазарите, изјави Скрекас по пристигнувањето во Брисел каде ќе учествува на министерскиот состанок.
Следете не, не има насекаде