ноември 21, 2024

Плафонот од 188 евра на цената на природниот гас би испратил правилни пораки до пазарот, порача министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас, кој смета дека би можела да функционира била која цена меѓу 150 и 200 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред почетокот на самитот на министрите за енергетика на ЕУ, Скрекас рече дека добиле јасен мандат од лидерите денеска да најдат решение за плафонот.

-Наша обврска е успешно да ја завршиме оваа мисија. Немаше да инсистираме толку, ако не бевме убедени дека ова е најдоброто решение за европските граѓани. Се надевам дека пораката на одлучност, солидарност и единство ќе го означи почетокот на една подобра година за сите европски граѓани, истакна Скрекас.

Паралелно посочи дека „првичниот предлог со плафон 275 евра, реално не беше плафон“

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK