ноември 21, 2024

Полските земјоделци денеска ги блокираа патиштата на границата на Подлаското и Вармиско-Мазуриското војводство поради увозот на жито од Украина и непочитување на договорот истото само да транзитира низ земјата до Африка или Блискиот Исток.

Земјоделците обединети во здружението Агрунија ја предупредија полската Влада дека житото од Украина, кога не се транспортира веднаш, зафаќа простор во силосите што ги користат полските земјоделци.

Агроунија најавува дека доколку полските власти на 11 јануари nе почнат со инспекции, ќе организираат големи протести и блокади на патиштата низ цела држава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK