– На 14. 06.2022 година до Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, се доставени известувања за сериозна опасност поткрепени со фотографии, заради преземање на мерки и активности за превенција и рано предупредување, а со цел зајакната безбедност и заштита на граѓаните.
– Бидејќи нема никаков одговор ниту реакција на терен на 28.06.2022 година, до градот Скопје и општина Аеродром е доставена Ургенција со барање за известување за преземените мерки.
– На 11.07.2022 година добиен е допис од Град Скопје за поставени знаци за забрана за движење и заштитна лента со назнака дека во наредниот период ќе се постави и лимена ограда и дека долгогодишната ископина (провалија) е во надлежноста на Општина Аеродром.
– На 06.11.2022 година, при Двегодишниот отчет на директорот Ангелов за работата во ЦУК, на прес-конференцијата, беше истакнато дека една од опасностите за којашто граѓаните повторно известуваат и алармираат е провалијата во Општина Аеродром.
– На 22.11.2022 година со допис бр. 3425/1 повторно е побарано од Град Скопје, поставување на нови знаци за опасноста и поставување на метална ограда. Истиот допис заради запознавање е испратен и до општина Аеродром.
– Бидејќи до 16.12.2022 година, или шест месеци после првичната информација, опасноста се уште не е отстранета директорот на ЦУК одржа прес-конференција (на 18.12.2022 г.) на која ги запозна граѓаните со нескриената опасност и побара од градот Скопје и општина Аеродром да утврдат точна надлежност и во согласност со надлежностите да ја обезбедат оваа провалија.
The post Ангелов: Градот и Општина Аеродром да утврдат чија надлежност и да ја обезбедат бездната на кејот appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде