ноември 25, 2024

„Државничките, ефикасни и одржливи политики на СДСМ значат подобра сегашност и иднина“, порача лидерот на СДСМ на партиската трибина вечерва во Скопје.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Успешно се справуваме со енергетската криза! Нашите граѓани имаат целосно и непречено снабдување со електрична и топлинска енергија, по најниски цени во регионот и Европа! Сериозно го одржавме, и најважно од сѐ, го зголемивме домашното производство на електрична енергија. Нашите граѓани во континуитет добиваат најниска цена за нафтените деривати“, рече Ковачевски.

Особено е горд, рече, што конечно, по децении стоење во место, не само што ја започнале, туку интензивно, секојдневно и динамично ја остваруваат енергетската трансформација на државата, или како што тој рече дека може да се нарече – „енергетска револуција“.

„Во историјата на нашата татковина се нема случено да во 10 кратки месеци имаме инсталиран капацитет од 141 мегавати, и тоа 98 мегавати фотоволтаици, 37 мегавати ветер, 4 мегавати мали хидроелектрани и 2 мегавати биогас“, рече Ковачевски, додавајќи дека до крајот на мандатот ќе има речиси 300 мегавати инсталиран електричен капацитет.

„До крајот на овој мандат, ние ќе имаме речиси 300 мегавати инсталиран капацитет, практично половина од годишното производство на РЕК Битола, или пак ако веќе споредуваме, тоа е неколку пати поголем инсталиран капацитет од сите досегашни инвестиции изминативе три децении. Е тоа е успех, така се сака својата држава!“, рече лидерот на СДСМ на  трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.

Тој се пофали и со зголемувањето на просечната плата и пензиите:

„Во услови на глобална и тотална криза, како вистински социјалдемократи, како чесни и вистински патриоти за својот народ, ние успеавме рекордно да ја зголемиме минималната плата! Денеска можеме гордо да констатираме дека го исполнивме и го надминавме нашето изборно ветување за висината на просечната плата. Рекордно, двапати оваа година, ги зголемивме пензиите на сите пензионери и дополнително финансиски ги помогнавме во нивните енергетски и животни потреби. Во една календарска година, вкупното зголемување на пензиите ќе биде 16%, што досега се нема случено. И тоа во година која не е изборна. Инвестициите во домашната економија од реномираните странски компании се зголемија, и за само 10 месеци се отворија нови, подобро платени, над 2.000 работни места“, рече Ковачевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK