мај 17, 2026

Фудбалерите на Македонија ЃП загубија со 0:1 од летонскиот тим РФС Рига во првиот меч од воведното квалификациско коло во Конференциската лига. Освојувачот на Купот не успеа да го одбрани домашниот терен и со негатива ќе патува на реваншот во Летонија. Овој меч се играше на комплексот на ФФМ.

По екстремно жешки временски услови, двата тима не создадоа премногу шанси, а РФС Рига успеа да реализира преку Андреј Илиќ во 34.минута, по проигрувањето од Куадио.

Македонија ЃП се закани преку Самир Фазли и Кристијан Стојкоски во второто полувреме, но резултатот сепак остана непроменет до крајот на натпреварот. РФС можеше и до поубедлива предност, но гредата ги спаси ѓорчепетровци.

The post Македонија ЃП поразена од РФС Рига на првиот меч во Скопје appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK