мај 17, 2026

Нова сезона на пожари со стари главоболки. Од трите авиони за гасење пожар, два се уште се на сервис, но директорот на Центарот за управување со кризи уверува дека летово сите ер трактори ќе бидат ставени во функција, но викендов ќе биде функционален еден.

Надлежните служби за шумски пожари веке имаа координативен состанок, посочи Ангелов. Апелираше до граѓаните да бидат внимателни во природа, бидејќи високите температури и сувата трева се од висок ризик.

Пожарникарските авиони кои беа набавени во 2010 та година, изминативе години останаа приземјени и покрај пожарите кои ја зафатија земјава. Причината за тоа беше нивното скапо сервисирање и одржување. При гаснењето помагаа армиските хеликоптери но и соседните земји со своите летала. Регионот веќе се бори огнените стихии. Во Далмација пожарот го гасеа рекордни осум авиони и над стотина пожарникари.

The post Само еден авион за гаснење пожари е во функција, другите два се на сервис appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK