мај 17, 2026

Половина час по полноќ на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина на село Доброште се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а повредени се две лица, информира СВР Тетово.
Во СВР Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од Б. Ш (60) од Доброште, „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Н. Г(39) од Теарце и диво животно – мечка. Мечката е усмртена на самото место. Двајцата возачи се здобиле телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

The post На регионалниот пат Тетово- Јажинце две возила удриле во Мечка- Повредени се две лица !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK