мај 16, 2026

Во анкетниот лист за својата имотна состојба, Груби нема пријавено дека поседува возило „Ауди“, туку „Цитроен Ксара“ во вредност од 1.000 евра

Медиумите денеска објавија дека бил опожарен приватниот автомобил марка „Ауди“ на првиот вицепремиер Артан Груби, утринава околу 3 часот, но според полициското соопштение, возилото се води на друго име – Б.Л.

„Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.”Струмичка” настанал пожар во патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје“, се вели во соопштението на МВР.

Дел од медиумите објавија и снимки од опожареното возило, а засега вицепремиерот Артан Груби не излезе со демант ниту со потврда дека станува збор за неговото возило. Тој не одговори ниту на телефонскиот повик, ниту на смс-пораката што му ја испративме – чие е возилото што е опожарено, дали навистина е негово или станува збор за недоразбирање, и доколку е негово, зошто се води на друго име.
Meta.Mk

The post Во анкетниот лист за својата имотна состојба, Груби нема пријавено дека поседува возило „Ауди“, туку „Цитроен Ксара“ во вредност од 1.000 евра appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK